Изјава за согласност СИГАЛ за iute Care

Види тука ✓

Се согласувам СИГАЛ ИНШУРЕНС ГРУП АД Скопје, со седиште на бул. „Илинден“ бр. 1, 1000 Скопје, со ЕМБС 5896100,
да ги собира, обработува, чува и ажурира моите лични и чувствителни податоци, вклучувајќи:
ЕМБГ, адреса, e-mail адреса, возраст, пол, здравствени и други податоци наведени во овој документ,
за следниве цели:

  • склучување на договор за осигурување,

  • утврдување на идентитет при настанување на осигурен случај,

  • обработка на барања за исплата,

  • водење на евиденција,

  • исполнување на законски обврски на друштвото.

Изјавувам дека сум согласен/а да се склучи полиса за осигурување и информиран/а сум
дека може да ја откажам во рок од 14 дена од приемот на истата.

Потврдувам дека сум запознаен/а и целосно ги прифаќам следните услови за осигурување
и истите ми се предадени:

  • Општи услови за патничко осигурување IUTE Care од 15.05.2026

  • Општи услови за осигурување на второ медицинско мислење од 15.05.2026

  • Општи услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) од 16.03.2026

  • Општи услови за осигурување на помош на пат на моторни возила IUTE Care од 15.05.2026

Согласен/а сум моите лични податоци да се пренесуваат во земји-членки на ЕУ и
други трети земји, соодветно заштитени и по претходно одобрение од Агенцијата
за заштита на личните податоци, кога е тоа потребно.

Потврдувам дека сум запознаен/а дека овие податоци се деловна тајна, согласно
Законот за заштита на личните податоци, Законот за супервизија на осигурувањето
и други важечки прописи.

Сум информиран/а за моите права согласно Законот за заштита на личните податоци,
вклучувајќи право на пристап, исправка, бришење, ограничување и право да ја повлечам
согласноста во секое време, како и да поднесам претставка до Агенцијата за заштита
на личните податоци.

Личните податоци ќе се чуваат онолку долго колку што е потребно за исполнување
на целите наведени во оваа согласност и во согласност со законските рокови.

Изјавувам дека сум запознаен/а со содржината на оваа изјава, ги прифаќам нејзините
услови и слободно и недвосмислено ја давам мојата согласност за обработка на личните податоци.