За нас
Осигурително Брокерско Друштво Иуте Сафе АД Скопје е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. IuteGroup AS е основана 2008 год. и денес е присутна во 4 држави.
Осигурителното брокерско друштво Иуте Сафе АД Скопје е основано во целосна согласност со важечката регулатива и согласно прописите во Законот за супервизија на осигурување и лиценцирано согласно решение со број УП-14-1-167 од 05.08.2024 год. издадено од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување на РСМ. Седиштето на друштвото е на адреса: ул. Пиринска бр.29 Центар Скопје.
За вршење на осигурително брокерските активности Иуте Сафе АД склучи договори за посредување во осигурувањето со водечките осигурителни друштва на пазарот во Македонија а во согласност со продажната стратегија. Како осигурителна брокерска компанија, Иуте Сафе ќе дејствува во име и сметка на своите клиенти. Во тоа својство нуди продажба на осигурителни производи во сите класи на осигурување и од сите осигурителни компании.
Иуте Сафе АД посредува за осигурителни полиси во сите класи на осигурување вклучувајќи не-животно и животно осигурување. Продажната стратегија е фокусирана на кредитно не-животно осигурување, кредитно животно осигурување, имотно осигурување, здравствено осигурување и животно осигурување.
Концептот на работа на Иуте Сафе е изграден врз основа на искористување на уникатните предности на Иуте Групацијата, главно можноста за купување на секаков вид полиса за осигурување на рати, постојната база на клиенти, развиена продажна мрежа, процеси и технологија.