1. Се согласувам Осигурително брокерско друштво Иуте Сафе АД Скопје, со седиште на ул. Пиринска бр. 29,
да ги собира, обработува, чува и ажурира моите лични податоци, вклучувајќи:
ЕМБГ, адреса, податоци за кредит, e-mail адреса, возраст, пол, здравствени и други
податоци наведени во овој документ, за следниве цели:
склучување на договор за осигурување,
проценка на ризик,
утврдување на идентитет при настанување на осигурен случај,
обработка на барања за исплата на штета,
водење на евиденција,
исполнување на законски обврски на друштвото.
2. Изјавувам дека сум запознаен/а и целосно ги прифаќам Условите за осигурување
и сум согласен/а да се склучи полиса за осигурување преку Друштвото за осигурување
СИГАЛ Иншуренс Груп АД Скопје.
3. Согласен/а сум моите лични податоци да се пренесуваат во земји-членки на ЕУ и
други трети земји, соодветно заштитени и по претходно одобрение од Агенцијата
за заштита на личните податоци, кога е тоа потребно.
4. Потврдувам дека сум запознаен/а дека овие податоци се деловна тајна, согласно
Законот за заштита на личните податоци, Законот за супервизија на осигурувањето
и други важечки прописи.
5. Сум информиран/а за моите права согласно Законот за заштита на личните податоци,
вклучувајќи право на пристап, исправка, бришење, ограничување и право да ја повлечам
согласноста во секое време, како и да поднесам претставка до Агенцијата за заштита
на личните податоци.
Личните податоци ќе се чуваат онолку долго колку што е потребно за исполнување
на целите наведени во оваа согласност и во согласност со законските рокови.