Општи услови
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИ РАБОТИ ВО ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКО ДРУШТВО ИУТЕ САФЕ АД СКОПЈЕ
1. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
1.1. Осигурително брокерско друштво ИУТЕ САФЕ АД Скопје со регистрирано седиште на ул. Пиринска бр.19 во Скопје, со ЕМБС 7796331, ЕДБ 4080024625522, телефонски број +389 71 387338 и маил (во понатамошниот текст: Иуте Сафе) е осигурително брокерско друштво кое ја извршува својата дејност врз основа на дозвола за работа бр.14-1-167 од 05.08.2024 год. издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување.
1.2. Овие Општи услови и начелата на обработка на личните податоци на клиентите, како што е опишано во Политиката за приватност, се применуваат на секој и сите договори склучени помеѓу Иуте Сафе и договорувачите на осигурување/осигурениците и се достапни на сите заинтересирани лица во деловните простории на Друштвото и на веб страната на Иуте Сафе.
1.3. Иуте Сафе има право еднострано да ги менува овие Општи услови и Политиката за приватност, за што ќе ги информира клиентите најмалку 10 (десет) календарски денови пред примена на измените.
1.4. Покрај овие општи услови, деловниот однос помеѓу осигурително брокерското друштво, друштвата за осигурување, клиентите (договорувачи на осигурување, осигуреници, трети оштетени лица) е регулиран и со Законот за супервизија на осигурување, Закон за облигациони односи, Закон за задолжително осигурување, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и останати применливи прописи.
За целите на овие Општи услови, следните поими, кога употребени низ овие Општи услови со голема буква, ќе го имаат следното значење:
- Осигурително брокерски работи во смисла на Законот се посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие и посредување при реализирање на оштетни побарувања по остварен осигуран штетен настан.
- Осигурителен брокер е лице кое има добиено лиценца за осигурителен брокер од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување. Осигурителниот брокер е должен да ги штити интересите на осигурениците, што вклучува давање појаснувања и совети на осигурениците за сите околности релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на договори за осигурување. Осигурителниот брокер е должен да изготви адекватна анализа на ризикот и предложи соодветно осигурително покритие за осигуреникот; да го информира друштвото за осигурување за намерата на осигуреникот да склучи договор за осигурување и да го запознае осигуреникот со условите на полисите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија; да ја провери содржината на полисите за осигурување и да укажува помош на осигуреникот во текот на важење на договорот за осигурување, како пред, така и по настанување на осигурениот настан.
- Агенција за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување
- Друштво за осигурување се основа како акционерско друштво со седиште во Република Северна Македонија, под условите утврдени со Законот за супервизија на осигурување и со Законот за трговските друштва.
- Осигурување е пренесување на ризикот кој се наоѓа во нашето окружување од поединецот на осигурувачот (друштво за осигурување) со склучување договор за осигурување
- Договор за осигурување со кој се обврзува договарувачот на осигурувањето, врз начелата на заемност и солидарност да здружува определен износ во друштвото за осигурување, односно во друштвото за ризици (осигурувач), а друштвото се обврзува ако дојде до настан кој претставува осигурен случај да му го исплати на осигуреникот или на некое трето лице надоместот, односно договорената сума или да направи нешто друго. Договорот за осигурување е документ со кој се регулираат односите меѓу осигуреникот и осигурувачот.
Со договорот за осигурување договарачот на осигурувањето се обврзува да плати одреден надомест (премија) на осигурувачот а осигурувачот се обврзува, доколку настане осигурениот случај, да му исплати на договарачот на осигурувањето или на некое трето лице одреден паричен износ или да направи нешто друго.
- Договорувач на осигурување е лице кое склучува договор за осигурување и кое има обврска да ја плати премијата за осигурување. Може да биде физичко или правно лице, кое со осигурувачот склучува договор за осигурување, обврзувајќи се да ја плати премијата за осигурување. Договорувачот нема право на надомест на штета од осигурувањето, освен во случај кога истиот е осигуреник.Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата на осигурувањето, но осигурувачот е должен да ја прими исплатата на премијата од секое лице кое има правен интерес таа да биде платена.
- Осигуреник е физичко, или правно лице на чие име гласи договорот за осигурување, обезбедувајќи покритие од несаканиот ризик
- Осигурувач е осигурително друштво кое што со склучување на договор за осигурување се обврзува на надомест на штета, односно исплата на договорениот паричен износ на осигуреникот.
- Осигурен случај Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај), мора да биде иден, неизвесен, и независен од исклучивата волја на договарувачот.
- Услови за осигурување се составен дел од договорот за осигурување (општи и посебни услови за осигурување)
2. ВРШЕЊЕ НА ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИ РАБОТИ
Осигурително брокерски работи може да врши осигурителен брокер кој е во работен однос во осигурително брокерско друштво.
Осигурителен брокер е лице кое има добиено лиценца за осигурителен брокер од страна на Агенција за супервизија на осигурување. Осигурителен брокер врши исклучиво осигурително брокерски работи и ги претставува и делува во име и за сметка на своите клиенти во однос на друштвата за осигурување и реосигурување.
Осигурителниот брокер е должен да ги штити интересите на осигурениците, што вклучува давање појаснувања и совети на осигурениците за сите околности релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на договори за осигурување за одделни класи на осигурување, или по однос на одделни друштва за осигурување.
Осигурителниот Брокер пред склучување на договор за осигурување, при измени и дополнувања како и при обнова на договор за осигурување, на договорувачот на осигурување навремено му ги доставува сите информациии предвидени согласно чл.50 од Законот за супервизија на осигурување и тоа :
1)назив, правен статус, седиште и адреса на друштвото за осигурување, како и филијалата преку која е склучен договорот за осигурување
2) назив, правен статус, седиште, адреса и контакт телефон на осигурително брокерското друштво,
3) општите и посебни услови на полиси кои се применуваат на осигуреникот и осигурителот и законот што го регулира договорот за осигурување;
4) случаи при кои општите и посебни услови на полисата не се применуваат на односот меѓу осигурителот и осигуреникот, извршување, обемот и пристигнување на обврските на друштвото за осигурување;
5) период на важење на договорот за осигурување;
6) износот на премија, како и пресек на премијата по одделни ризици (доколку со договорот за осигурување се покриени ризици кои произлегуваат од неколку класи на осигурување) и износите на даноци, такси и други трошоци по основа на премијата и вкупниот износ што треба да се плати;
7) право на одложување или прекинување на договорот за осигурување и
8) упатување на Агенција за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување до кое може да се достави жалба во однос на друштвата за осигурување и осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и застапниците во осигурувањето.
9) начин на поднесување на оштетено побарување до друштвото за осигурување, а во случај кога договорот за осигурување е склучен преку осигурително брокерско друштво и известување на осигуреникот за неговата можност да побара помош од страна на осигурително брокерското друштво во случај на настанување на осигурениот случај;
10) начин на поднесување на приговор, односно жалба против работењето на друштвото за осигурување, друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурително брокерското друштво и начин на вонсудско решавање на спорови меѓу договорните страни и
11) органот надлежен за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување.
(2) Bo случај на осигурување на живот или осигурување од последици на несреќен случај со право на поврат на еден дел од премијата за осигурување, известувањето на осигуреникот покрај наведените податоци од ставот 1 на овој член, треба да содржи и податоци за:
1) основи и критериуми за распределба на добивката;
2) табела на откупната вредност на полисата;
3) минималната премија и минималното времетраење на осигурувањето потребни за капитализација на договорот за осигурување и правата кои ги има осигуреникот во тој случај;
4) во случај кога инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот, издвоени средства кои ја покриваат математичката резерва за тоа осигурување, како и структурата на вложување на тие средства и
5) даночната регулатива која се однесува на осигурувањето.
Целта на доставување на сите информации до договорувачот на осигурување предвидени согласно Законот за супервизија на осигурување е да се создаде јасна и доверлива врска помеѓу Осигурително Брокерското Друштво Иуте Сафе АД Скопје и клиентот( договорувачот на осигурување/осигуреникот)
Сите информации предвидени согласно чл.50 од Законот за супервизија на осигурување се составен дел од услугите што ОБД Иуте Сафе АД Скопје, ги доставува до клиентот односно договорувачот на осигурување/осигуреникот.
Пред склучувањето договорот за осигурување, осигурително брокерското друштво е должно на совесен и чесен начин на клиентите да им даде точни, целосни разбирливи и корисни информации во врска со предметот на договорот за осигурување, карактеристиките на производот или услугата, да му ги предочи општите и посебните услови за осигурување, плаќањето на обврските, како и сите други информации побарани од договорувачот на осигурување, односно осигуреникот.
3. ИНФОРМИРАЊЕ НА КЛИЕНТИТЕ/осигурениците пред склучување, при склучување или обновување на договор за осигурување
Како постоечки или потенцијални клиенти на Иуте Сафе, со овие Општи услови смета дека сте информирани за следново:
3.1. Осигурително Брокерско Друштво Иуте Сафе АД Скопје, посредува во договарање на осигурително и реосигурително покритие и посредување при реализирање на оштетни побарувања по остварен осигуран штетен настан.
3.2. Друштвото има склучено договор за осигурување од одговорност при вршење на дејност за осигурување.
3.3. Друштвото работи со лиценцирани осигурителни брокери кои ги исполнуваат законските барања и искуството за работење во осигурителниот пазар. Осигурителниот брокер е должен да ги штити интересите на осигурениците, што вклучува давање појаснувања и совети на осигурениците за сите околности релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на договори за осигурување за одделни класи на осигурување, или по однос на одделни друштва за осигурување.
- За исполнување на оваа обврската, осигурителниот брокер е особено должен да:
1) изготви адекватна анализа на ризикот и предложи соодветно осигурително покритие за осигуреникот;
2) посредува во име на осигуреникот за склучување на договор за осигурување, кој земајќи ги предвид сите околности од значење за ризикот на поединечен случај, ќе му обезбеди на осигуреникот најсоодветно покритие;
3) го информира друштвото за осигурување за намерата на осигуреникот да склучи договор за осигурување и го запознава осигуреникот со условите на полисите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија;
4) ја проверува содржината на полисите за осигурување и
5) укажува помош на осигуреникот во текот на важење на договорот за осигурување, како пред, така и по настанување на осигурениот настан, а особено да обезбеди дека осигуреникот ги извршил правните дејствија во предвидените рокови, а кои се предуслов за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување.
3.5. Осигурителниот брокер доколку посредува во реализација на отштетните побарувања е должен да соработува со клиентите, за подготовка на доказна документација за основата и висината на оштетното побарување, како и да прибира други потребни докази. Доколку договорот за осигурување е направен со посредство на Осигурително Брокерско Друштво Иуте Сафе АД Скопје, во случај на настанување на штета, Друштвото без надомест ќе посредува и ќе ги застапува клиентите пред осигурителните компании за брз и соодветен надомест на настанатата штета.
3.6. Осигурителниот брокер е должен да ги презентира на осигуреникот сите правни и економски односи кои ги има со одредено друштво за осигурување, кои можат да влијаат на објективноста на осигурителниот брокер при извршување на обврските спрема осигуреникот. Правните и економските односи, особено се однесуваат на оние одредби од договорите за вршење на брокерски работи склучени со одредено друштво за осигурување, врз основа на кои осигурителниот брокер има право на посебна или повисока провизија за посредување за склучување на договори за осигурување за одделна класа на осигурување како и за одделно друштво за осигурување.
3.7. Осигурителниот брокер нема право да наплаќа провизија или друг вид надомест од осигуреникот, освен доколку поинаку не е предвидено со договорот за вршење на осигурително брокерски работи склучен со осигуреникот.Доколку со договорот за вршење на осигурително брокерски работи склучен со осигуреникот е предвидено дека осигурителниот брокер има право на провизија, истиот се стекнува со правото на таа провизија со денот на влегувањето во сила на договорот за осигурување за кој е извршено посредувањето.
Осигурителниот брокер е должен да го извести осигуреникот за износот на провизијата што ја наплаќа од друштвата за осигурување по склучените договори за осигурително брокерски работи. Осигурително Брокерското Друштво Иуте Сафе АД Скопје на следниов линк ————- има објавено табела на износ на провизија која ја наплаќа од секое друштво за осигурување поединечно.
3.8. Во однос на Друштвата за осигурување , осигурителните брокери вработени во ОБД Иуте Сафе АД се должни : со должно внимание, на друштвата за осигурување да му ги презентираат сите факти и околности поврзани со ризици, спецификации и потребите на нивниот клиент со цел адекватна проценка на ризиците и утврдување на најсоодветно осигурително покритие.
3.9. Осигурително брокерското друштво Иуте Сафе АД Скопје е должно да избегнува каков било судир на интереси, особено договарање на и влегување во какви било финансиски, правни или други деловни односи со друштва за осигурување или останати правни субјекти кои на каков било начин може да фаворизираат одредено друштво за осигурување или да влијаат на новната објективност и независност во односите со новните клиенти.
3.10. Осигурителните брокери се должни односите со своите клиенти да ги регулираат со писмен документ- овластување, полномошно од клиентот (налогодавач) за вршење на осигурително брокерски работи во кој ќе ги утврдат сите права и обврски на двете договорни страни согласно закон
4. ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ – Полиса за осигурување
4.1. Осигурителниот Брокер врши исклучиво осигурително брокерски работи и ги претставува и делува во име и за сметка на своите клиенти во однос на друштвата за осигурување и реосигурување.
4.2. Осигурителниот брокер пред склучување на договорот за осигурување (полиса за осигурување) е должен врз основа на податоци добиени од договорувачи на осигурување, односно осигуреници да ги одреди потребите и желбите како и причините за давање на совет на договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот, а кои се врзани со договорот за осигурување.
4.3. Осигурителниот брокер е должен анализата на ризик да ја изготви врз основа на соодветно голем број на договори за осигурување достапни на пазарот кои му овозможуваат давање на препораки согласно со стручни критериуми , со цел договорувачот на осигурувањето преку склучување на договорот да ги оствари своите потреби.
4.4. Осигурителниот брокер е должен пред склучување на договор за осигурување, како и при продолжување на истиот на осигуреникот да му ги даде следниве информации :
- име , презиме и адреса
- регистар во кој е пријавен и начинот на негова препорака
- осигурително брокерско друштво во кое работи
- дали поседува сам или осигурителното брокерско друштво во кое работи повеќе од 10% од акциите со право на глас во друштвото за осигурување со кое се склучува договорот за осигурување
- дали друштвото за осигурување со кое се склучува договорот за осигурување или со него поврзано лице поседува повеќе од 10% од акциите со право на глас во осигурително брокерското друштво
- податоци за можност од вонсудска постапка за решавање на спорови меѓу договорувачи на осигурување
- износ на провизијата што ја наплаќа од друштвата за осигурување согласно склучените договори за осигурително брокерски работи
Осигурителниот брокер вработен во Друштвото е должен овие податоци да ги даде :
- во пишана форма или на друг траен медиум кој достапен на договорувачот на осигурување
- на начин кој е разбирлив за договорувачот на осигурување
- на македонски јазик освен доколку поинаку не е договорено
По исклучок , податоците можат да се дадат и усно на барање на договорувачот на осигурување во случај кога е потребно веднаш да се договори осигурително покритие во кој случај писмените податоци мора да се дадат непосредно по склучување на договорот за осигурување.
4.5.Постапките и дејствијата на осигурителниот брокерот во делот на изготвување на анализа на ризикот и информирање на осигуреникот се соодветно документирани и зачувани во архивата на Друштвото .
5. ПРАВА НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ
Пред склучување или продолжување на договор за осигурување, клиентот (договорувачот на осигурување/осигуреникот) има право да добие јасни , точни и целосни информации во врска со предметот на договорот за осигурување, да му бидат предочени општите и посебните услови за осигурување, плаќањето на обврските како и сите информациии побарани од клиентот. (договорувачот на осигурување/осигуреникот)
Осигурениците, корисниците на осигурување како и трети оштетени лица имаат право да поднесат претставка за работата на субјектите (друштвата за осигурување, друштва за реосигурување, осигурително брокерските друштва, друштва за застапување во осигурување и НБО) кои ги контролира АСО.
Доколку лицата не можат да ги остварат своите права согласно договорот за осигурување (полисата) или нивните права се загрозени со активност од страна на контролираните субјекти, потребно е прво писмено да се обратат до субјектот со кој го склучиле договорот или од кој го купиле осигурителниот производ. Доколку клиентите сметаат дека неможат да ги остварат своите права или нивните права се загрозени од страна на Осигурително брокерското друштво Иуте Сафе АД Скопје, можат да се обратат до Друштвото со доставување на приговор во писмена форма на следнава маил адреса и непосредно или по пошта на адреса на седиштето на Друштвото ул.Пиринска бр.19 Скопје.
Доколку не се задоволни од одговорот или субјектот не ги известил во рок од 30 дена од денот на поднесување на приговорот, тогаш имаат право да поднесат Претставка до АСО.
Претставка до АСО може да се поднесе во :
- Писмена форма (непосредно во АСО или по пошта)
- Во електронска форма ()
- Лично во архивата на АСО (со изготвување на записник)
Претставката треба да содржи :
- Име и презиме,адреса/назив и седиште на подносителот на претставката
- Опис на производот односно услугата за која подносителот на претставката се жали
- Субјект против кој се поднесува претставката
- Придружна документација (копија од договор за осигурување (доколку постои) копија од приговор поднесен до субјектот и одговор на приговорот, друга документација потребна за одлучување по претставката
6. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИ
Осигурително брокерско друштво Иуте Сафе АД Скопје, со ЕМБС 7796331, прибира и обработува лични податоци на физички лица, наши клиенти, договорни страни или други страни на Македонскиот пазар . За таа цел изготвена е Политика на приватност и истата е објавена на веб страната на Друштвото https://iutesafe.mk/politika-na-privatnost/
Осигурително Брокерското Друштво Иуте Сафе АД Скопје, сите податоци за осигурениците и/или други корисници на осигурување со кои се стекнале во текот на вршењето на посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие и посредување при реализирање на оштетни побарувања по остварен осигуран штетен настан, да ги третираат како доверливи податоци.
7. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Овие Општи услови за вршење на осигурително брокерски работи стапуваат на сила од 31.01.2024 год.
Клиентите (договорувачите на осигурување/осигурениците) на Осигурително Брокерско Друштво Иуте Сафе АД Скопје, се должни задолжително да ги прочитаат и да се запознаени со овие Општи услови за вршење на осигурително брокерски работи.
Осигурително Брокерско Друштво
Иуте Сафе АД Скопје
Управител
Борјан Колемишевски