Осигурителен брокер

За компанијата

Иуте Сафе АД Скопје е дел од мултинационална компанија Iute Group AS, која е избрана за една од најбрзо растечките финтек компании во Европа. Како лидери на финтек пазарот и дигитална трансформација, креираме исклучително корисничко искуство.

За улогата

Осигурителен брокер е лице кое има добиено лиценца за осигурителен брокер од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување. Осигурителниот брокер ги штити интересите на осигурениците, што вклучува давање појаснувања и совети за осигурување, како и укажување на помош на осигурениците.

Главни одговорности

• Одговорен за промоција и продажба на осигурителни производи од портфолио и изнаоѓање нови клиенти
• Постигнување на поставените развојни планови преку опслужување на постоечките и придобивање на нови клиенти
• Да развива и одржува добри деловни врски со нови и постоечки клиенти, проценува потреби, организира и присуствува на состаноци
• Следење на пазарните трендови и континуирано надградување на знаењето за осигурителни производи и политики.
• Целосно разбирање на одредбите и условите на одделните осигурителни производи и јасно комуницирање на оваа информација кон клиентите.
• Поддршка на потенцијални клиенти при пополнување на формулари, комуникација со осигурителната компанија и изнаоѓање на најдобрите осигурителни планови, преговарање за склучување на договори.
• Управување со годишниот осигурителен циклус, вклучувајќи обновување на полисите, дополнувања и усогласувања во текот на осигурувањето, активно следење на потребите за осигурување на клиентите.
• Организирано водење на податоци за издадените полиси и подготовка на интерни и регулаторни извештаи.

Потребни квалификации

• Универзитетска диплома од релевантна област
• Положен стручен испит за осигурителен брокер
• Докажано искуство како осигурителен брокер
• Темелно познавање на осигурителниот пазар
• Одлични комуникациски, меѓучовечки и презентациски способности
• Прецизност и посветеност на детали
• Способност за преговарање
• Личен интегритет, како и способност за носење одлики во согласност со секојдневните обврски
• Способност за работа во тим

Зошто да работите во Иуте Сафе АД Скопје?

Како дел од мултинационалната компанија IUTE Group AS ќе имате можност да работите во целосно дигитализиран процес заснован на современи алатки и технологии.

• Компанијата нуди атрактивна плата и дополнителен месечен бонус за учинок.
• Вреднување на индивидуалниот придонес, но и тимскиот дух во компанијата.
• Обуката за континуиран развој е поддржана од меѓународни корпорации.
• Редовни интересни активности и поволности за вработените (бесплатно месечно членство за спортски активности и комплет за здрав живот, роденденски подарок и награди за посебни достигнувања).
• Патувања поврзани со тим билдинг активности и награди во земјата и странство.

Испратете ни го вашето CV на со назнака Осигурителен брокер најдоцна до 15.02.2025
Со апликацијата давате согласност за обработка на вашите лични податоци вклучени во документите за апликација, за потребите на тековните процеси на регрутирање што ги спроведува iute во согласност со важечките закони во оваа област. Сите апликации се третираат со високо ниво на доверливост.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг.