За нас

Осигурително Брокерско Друштво Иуте Сафе АД Скопје е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. IuteGroup AS е основана 2008 год. и денес е присутна во 4 држави.
Осигурителното брокерско друштво Иуте Сафе АД Скопје е основано во целосна согласност со важечката регулатива и согласно прописите во Законот за супервизија на осигурување и лиценцирано согласно решение со број УП-14-1-167 од 05.08.2024 год. издадено од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување на РСМ. Седиштето на друштвото е на адреса: ул. Пиринска бр.29 Центар Скопје.
За вршење на осигурително брокерските активности Иуте Сафе АД склучи договори за посредување во осигурувањето со водечките осигурителни друштва на пазарот во Македонија а во согласност со продажната стратегија. Како осигурителна брокерска компанија, Иуте Сафе ќе дејствува во име и сметка на своите клиенти. Во тоа својство нуди продажба на осигурителни производи во сите класи на осигурување и од сите осигурителни компании.
Иуте Сафе АД посредува за осигурителни полиси во сите класи на осигурување вклучувајќи не-животно и животно осигурување. Продажната стратегија е фокусирана на кредитно не-животно осигурување, кредитно животно осигурување, имотно осигурување, здравствено осигурување и животно осигурување.
Друштвото работи со лиценцирани осигурителни брокери кои ги исполнуваат законските барања и искуството за работење во осигурителниот пазар. Осигурителниот брокер е должен да ги штити интересите на осигурениците, што вклучува давање појаснувања и совети на осигурениците за сите околности релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на договори за осигурување за одделни класи на осигурување, или по однос на одделни друштва за осигурување.
За исполнување на оваа обврската, осигурителниот брокер е особено должен да:
1) изготви адекватна АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ и предложи соодветно осигурително покритие за осигуреникот;
2) ПОСРЕДУВА ВО ИМЕ НА ОСИГУРЕНИКОТ за склучување на договор за осигурување, кој земајќи ги предвид сите околности од значење за ризикот на поединечен случај, ќе му обезбеди на осигуреникот најсоодветно покритие;
3) го ИНФОРМИРА ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ за намерата на осигуреникот да склучи договор за осигурување и ГО ЗАПОЗНАВА ОСИГУРЕНИКОТ СО УСЛОВИТЕ на полисите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија;
4) ја проверува содржината на полисите за осигурување и
5) УКАЖУВА ПОМОШ НА ОСИГУРЕНИКОТ во текот на важење на договорот за осигурување, како пред, така и по настанување на осигурениот настан, а особено да обезбеди дека осигуреникот ги извршил правните дејствија во предвидените рокови, а кои се предуслов за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување.
Осигурително Брокерско Друштво Иуте Сафе АД Скопје, во случај на настанување на штета, БЕЗ НАДОМЕСТ ЌЕ ПОСРЕДУВА И ЌЕ ГИ ЗАСТАПУВА ИНТЕРЕСИТЕ НА СВОИТЕ КЛИЕНТИТЕ пред осигурителните компании за брз и соодветен надомест на настанатата штета.
УСЛУГИТЕ НА БРОКЕРОТ СЕ БЕСПЛАТНИ.
Друштвото не е поврзано со ниту едно Друштво за осигурување и делува независно, во најдобар интерес на своите клиенти.
Осигурителните Брокери немаат судир на интереси при советување и посредување во изборот на осигурителни производи. Нашата цел е да обезбедиме транспарентност, професионалност и најдобри решенија за осигурување кои одговараат на потребите на клиентите.
Концептот на работа на Иуте Сафе е изграден врз основа на искористување на уникатните предности на Иуте Групацијата, главно можноста за купување на секаков вид полиса за осигурување на рати, постојната база на клиенти, развиена продажна мрежа, процеси и технологија.
Надлежен орган за супервизија на Осигурително Брокерското Друштво Иуте Сафе АД Скопје е АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО