Овластување за физички лица
ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
Се овластува Осигурителното Брокерско Друштво ИУТЕ САФЕ АД Скопје, со матичен број 7796331 и седиште на Ул. Пиринска бр.29, Скопје, Центар да врши посредување во осигурување по сите класи на осигурување, како и да врши посредување при реализација на оштетни побарувања по остварен осигурен штетен настан пред сите осигурителни друштва во Република Северна Македонија.
За користење на брокерските услуги од брокерот за осигурување, Осигурителното Брокерско Друштво ИУТЕ САФЕ Скопје нема да побарува финансиски средства од Овластувачот. Овластувањето стапува на сила од денот на неговото потпишување. Сите претходно дадени овластувања се ставаат вон сила.
Ова овластување останува во сила се до негово отповикување од страна на Овластувачот со претходна писмена најава во рок од 30 дена.